Тешка сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово. Се преврте автобус на Пролетер

Денеска околу 19 часот на магистралниот пат А2  Куманово – Крива Паланка во близина на село Псача, општина Ранковце се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус и шлепер, по што автобусот излетал од патот.

Среќна околност е што нема повредени, а според изјава на очевидци, најверојатно се работи за автобусот кој превезува средношколци од Крива Паланка до Ранковце и истите веќе ги имал оставено во нивната општина, по се враќал празен кон Крива Паланка и се судрил со шлеперот кој доаѓал од спротивната насока.

АМСМ информира дека поради сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Куманово сообраќајот се одвива наизменично. „Сообраќајот на Магистралниот пат А2 „Крива Паланка – Куманово кај Руловица поради случена сообраќајна незгода од 18:40 ч се одвива со наизменично“ стои во соопштението.

Од МВР се уште нема официјални информации за настанот, а увидна екипа од СВР Крива Паланка е на лице место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e