Македонците лани прокоцкале 2,8 милијарди евра во казина и обложувалници

Граѓаните лани уплатиле фрапантни 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат-клубови, покажува анализа на емисијата Бизнис објектив.
Оваа сума укажува на огромното финансиско влијание што коцкарската индустрија го има врз економските текови во земјата, но истовремено отвора и сериозни прашања за општествената цена што се плаќа.
Експертите предупредуваат дека коцкањето како форма на трошење директно влијае врз личните и семејните буџети, го зголемува задолжувањето и може да придонесе кон продлабочување на сиромаштијата. Во последните години, казината и обложувалниците постојано се множат, стануваат сè подостапни, а онлајн платформите и агресивното рекламирање дополнително го зголемуваат интересот.
Иако индустријата носи приходи во буџетот преку даноци и лиценци, економистите посочуваат дека значителен дел од средствата се пренасочуваат од продуктивна потрошувачка кон сектор кој не создава нова вредност во реалната економија.
Сумата од 2,8 милијарди евра покажува дека коцкарската индустрија прераснува во еден од најмоќните финансиски сектори во земјата – но и еден од најконтроверзните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e