Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.С.(48) од с.Герман и известување против нејзиниот 17 годишен син за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 27.06.2017 година, околу 20,00 часот, на место викано „Леви Рид“, маала Шипк, атар на село Герман, пријавените без надзор чувале и со себе воделе четири агресивни кучиња, без заштитна кошница, кои ја нападнале и изгризале С.С.(52) по телото, а потоа пријавените со физичка сила и стапови ја удирале оштетената, нанесувајќи и телесни повреди.