Листата на СДСМ Крушево за локалните избори 2021 е официјално потврдена од Државна изборна комисија, истакна Андреј Николоски, носител на советничката листа СДСМ Крушево.
„Голема чест е да се биде носител на една листа која ја претставува најголемата партија и партијата која најмногу има направено за општина Крушево. Чест ми е, навистина, да бидам на листа со овие мои сопартијци и сограѓани. Огромно е задоволството да соработуваме во периодот што следи.
На сите граѓани има најавувам дека нашата програма ќе ја претставиме детално од 27-ми септември, во текот на кампањата. Ќе кажеме и покажеме која е нашата визија и зошто одлучивме да бидеме кандидати за ваши претставници.
Заедно за уште поубаво и поразвиено Крушево“, нагласи Николоски.