Летен камп на волонтерите од Црвен Крст во Виница

Хуманоста како највисока морална доблест не се учи, но се поттикнува, надградува и афирмира во интерес на пошироката заедница. Волонтерите на Црвен Крст од Виница веќе тринаесет години организираат летен камп заедно со своите истомисленици од повеќе општински организации, и во рамките на тој камп, преку низа групни активности во отсуство на технички помагала, споделуваат плодни искуства од својата работа како млади хуманисти, разменуваат идеи, а во исто време се едуцираат со помош на стручни лица кои во зависност од зацртаната мисија, им држат соодветни предавања.

виница 3

Како што истакнаа организаторите, годинава на летниот камп учесниците кои на број се 60, имаат задача покрај се друго , да научат нешто повеќе за Виница, а сите нивни активности се поддржани од општината и од голем број приватни компании во градот.

Учесниците ги поздрави и градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров заедно со Кирил Цоневски, секретар на ОО Црвен крст-Виница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e