Вчера попладне во СВР Куманово, од Итната медицинска помош, било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон. Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.