Кумановка украла пари од црква во Куманово

Вчера вечер, во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 43-годишната О.Ц. од Куманово, извести МВР.

– Таа се сомничи дека истиот ден од црква на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово одзела пари, соопшти МВР.

О.Ц. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e