Бранко Јачовски од кумановското село Пчиња починал за време на пожар во неговата куќа.
Телма јавува дека пожарот кој бил пријавен во 4 утринава, го зафатил долниот дел од спратот на куќата каде имало запаливи материјали, пред се хартија и текстил, а 79-годишниот Јачовски веќе бил загинат до пристигнувањето на пожарникарите.
Првичните претпоставки се дека пожарот избувнал од кварцна печка на која се греело домаќинството.