Патничко возило „ауди“ управувано од 19-годишен кумановец удрило вчера во жена на улицата Никола Тесла во Куманово.
Од МВР информираа дека прегазената е 51-годишна кумановка која се здобила со тешки телесни повреди.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.