Куќа изгоре до темел во Скопје, почина едно лице

На 16.02.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Нова Брезница, скопско. Во пожарот куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По наредба на Jавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e