Даниел Крстевски – кандидат за градоначалник на Општина Ранковце од редовите на СДСМ и Коалицијата, на крајот од изборната кампања, упати повик со своите сограѓани.
-Пред завршување на изборната кампања, сакам да ви се обратам и да ви се заблагодарам на поддршката која ми ја дадовте и позитивната енергија со која ме пречекавте. Успеавме на сечија врата да тропнеме и да ги слушнеме сите реални проблеми со кои низ годините се соочувате. Затоа што сум жител на Општина Ранковце верувајте, вашите проблеми се и мои проблеми. Токму затоа ве повикувам заедно да пристапиме кон нивно решавање со заокружување на број 12, во недела ќе гласате за проекти кои носат развој, просперитет и иднина, порача тој на својот официјален фејсбук профил.
-Во оваа трка за татко на општината влегов со чиста и искрена мисла. Со јасна цел – не да владеам, туку да му служам на народот. Човек сум од народот, таков ме знаете, таков сум и таков ќе бидам. Достапен за сите, отворен и човечен, зашто најважно е да се биде човек, да се пружи рака, за помош, поддршка, зашто заедно можеме многу. И ќе направиме многу!
Да ја сакаш својата општина значи да сакаш да ја видиш како најдобра верзија не само за себе туку и за другите. Да ја сакаш значи ќе работиш за да овозможиш секој поединец да го има она што му е најпотребно – работа, просперитет и среќа. Ќе работам за среќата и доброто на сите мои сограѓани, порача Крстевски.
Драги млади,
Од Вас ја добив најголемата поддршка и таа доверба никогаш нема да ја изневерам, зошто МЛАДИТЕ СЕ СРЦЕТО НА ОПШТИНАТА. Младите се јадро што ја креира заедницата, од младите потекнуваат енергијата, силата, новите текови и модерните струења. Ќе дадам се од себе на младите да им овозможам да ја градат својата иднина тука, во своето родно место.
Во следните четири години ќе бидам градоначалник за народот – сериозен и промислен, разумен и работлив. Достапен 365 дена, посветен на најдоброто за подобри состојби во општината, за да можам да го оправдам дадениот легитимитет – без поставување на личните пред јавните интереси.
Затоа сум подготвен и Ви го ветувам НАЈДОБРОТО за нашата општина од срце и душа, со чисти и позитивни мисли ќе го дадам со чесна и посветена работа за вас граѓаните
Ранковце во недела гласа за број 12! – стои во обраќањето од Крстевски.