Во рамки на Кривопаланечкото културно лето во среда на 11 јули, во дворот на ООУ „Јоаким Крчовски“ со почеток во 21 часот, ќе биде прикажан филмот “ИСЦЕЛИТЕЛ“ на режисерот Ѓорче Ставрески.
Филмот ја раскажува приказната за механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.