На 17-ти месецов во Тетово се одржа државен натпревар во француска шансона, на кој учество зедоа и средношколците од кривопаланечката гимназија „Ѓорче Петров“.
Ученичките Анастасија Јовановска и Ванеса Митовска и двете ученички во трета година под менторство на Жаклина Јовановска и проф.по француски јазик Сашка Младеновска, влегоа во потесниот избор меѓу првите 10 и воедно најдобри пријавени кандидати. Десестте избрани кандидати ги изведоа своите шансони во Домот на култура во Тетово во сабота. Анастасија и Ванеса во вистинско и најдобро светло како претставници на СОУ,,Ѓорче Петров“ го оправдаа изборот и нивниот влез мегу првите 10 кандидати.
По првата селекција која беше извршена врз основа на испратени аудио снимки од 74 пријавени учесници од средните училишта во Македонија, најдобрите настапија пред публиката.
Натпреварот е организиран од страна на Француската алијанска во Тетово, Здружението на професори по француски јазик во Македонија во соработка со БРО и Францускиот институт во Скопје.