Кривопаланечките угостителки објекти „Етно Воденица Три“ и Кафе бар „Селект“ повторно ја покажа својата хумана визија на дело. Со сума од без малку 1 000 евра, собрана од дневниот промет, оваа општествено одговорна компанија го помогна лекувањето на 12-годишната Сандра од Крива Паланка која боледува од тумор.
„На малата Сандра и посакуваме среќно и успешно лекување и што побргу да ја гледаме среќна и насмеана.“– велат од тимот на компанијата.
Иако сопствениците на кафе барот и ресторанот надалеку познат по убавиот амбиент во природа и вкусната храна не сакаат да го промовираат и коментираат својот благороден потег, социјалните мрежи се преплавија со пофални зборови и воодушевувања за нивниот позитивен пример кој треба да го следат и други субјекти од приватниот сектор.
Дознаваме дека локалите се под наем за кои треба да се плати месечна кирија и дека имаат 40 вработени, но и покрај високите месечни трошоци, тие помагаат веќе една деценија колку што и постои ресторанот „Етно Гостилница Воденица 3“.
„На крајот од денот токму тоа не исполнува и не прави среќни – помислата дека на некого му го имаме разубавено денот. Во изминатата деценија имаме помогнато на многу наши сограѓани и донирано во многу хуминитарни цели, меѓутоа тоа не го промовираме затоа што сакаме да помогнеме од срце таму каде е најпотребно“ – вели еден од сопствениците на ресторанот и кафе барот Сашко Митовски.
Исто така во овој период активно го помагаат спортот во Крива Паланка – кошарката,фудбалот,пин понгот.
-Да го следиме нивниот пример, да бидеме хумани, да донираме и да помогнеме за Сандра да може да оздрави и да има безгрижно детство. – пишуваат кривопаланчани на социјалните мрежи.
12-годишната Сандра Ангеловска деновиве е на операција во Белград од каде се очекуваат добри вести.
Хуманите луѓе може да донираат на:
Број на сметка 200 – 0022909374 – 56 Стопанска Банка, на име Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005 и на телефонскиот број 143 479 на операторот А1.