Граѓаните на општина Крива Паланка може да ги изберат своите приоритети во однос на унапредувањето на градот во кој живеат. Преку алатката „ИЗБЕРИ ГО ТВОЈОТ ПРИОРИТЕТ, заедно ја градиме иднината“ на веб-страницата на општината граѓаните може да гласаат за својот приоритет во однос на понудените инфраструктурни проекти кои се планирани за реализација.
Кривопаланчани може да гласаат за која улица, патен правец, водоснабдителен и канализационен систем, систем за јавно осветлување, систем за регулација на водотеците, како и за која локација е најприоритетно да се изгради детско игралиште и забавен парк. Наедно, преку оваа алатка на општинската веб страна може да се погледнат резултатите од гласањето кое е анонимно.
Според одговорните идејата на овој пристап е и граѓаните со свој став да се вклучат во работата на локалната самоуправа на општината каде живеат со единствена цел заеднички да го направат поубаво, урбано и удобро место за живот.
Гласањето може да го направите на следниот линк