Кривопаланчанец тешко повреден во сообраќајка во Хиподром

Во полиција вчера во 06.20 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населба Хиподром, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б.(42) од Велес и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(36) од село Петралица, Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од село Огут, Крива Паланка, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e