Двајца жители на тетовското село Боговиње се фатени како крадат струја. Тие поврзале кабли и користеле струја без да се мери во електричното броило.
На 10.2.2022, вработени во ЕВН Македонија – КЕЦ Тетово, во содејство со екипа на СВР Тетово извршиле контрола и било констатирано дека пријавениот пред електричното броило поврзал кабел и користел електрична енергија без да се мери во електричното броило. На тој начин едниот предизвикал материјална штета од околу 28.500 денари, а другиот од околу 14.000 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајцата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.