Денеска (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ, навредувајќи ја еврејската верска група „Лев Тахор“.
При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ.
Лев Тахор по Куманово и Скопје пристигна во Охрид. Жителите на охридското село Горно Лакочереј каде се сместени велат дека веднаш штом ги виделе реагирале бурно бараат да се дислоцираат и најавија протести. Мештаните велат дека нивниот невоoбичаен изглед предизвикал страв и вознемиреност и прашуваат зошто се сместуваат во рурални средини и упорно остануваат иако не се прифатени.
-Не знам што е чудно. Група американски жители бараа престој и договоривме. Медиумите прават проблеми иако Охрид е туристичко место во кое има традиционална гостопримливост. Сите се занимаваат со овие луѓе, а никој не се занимава со тоа што килограм јаболки е еден денар. Проблемите во местото ги прават двајца пијаници, а јас како верник почитувам секоја вера, ни изјави сопственикот на хотело каде е сместена групата Лев Тахор.