Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
И.С. му продал хероин на Н.И., кој од страна на полициски службеници бил затекнат во напуштена куќа на улица „11 Октомври“ во Свети Николе, при што кај него бил пронајден хероинот.