МВР соопшти дека тетовската полиција поднела кривична пријава против правно лице и против сопствениците од Холандија за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, велат од МВР.
Како што посочуваат од полицијата, второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација.