Кривична за две лица од Кичево, пронајдена голема количина на дрога кај нив

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) и С.М.(31), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“, информираат од МВР.

Б.Д.  набавил 1.184 грама  марихуана и 55 таблети диоксиметамфетамин и на почетокот на септември ги сокрил во гаража на второпријавениот С.М.. Дрогата била пронајдена и одземена на 25.09.2018 година при претрес на полициски службеници во домовите на пријавените, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e