Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.Ј.(23) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 19.03.2021 во 23.15 часот во Пробиштип, на ул.„Кочо Рацин“, при вршење на контрола на лица и возила од страна на полициски службеници, М.Ј. управувајќи патничко возило „голф“, на даден знак не го запрел возилото, туку продолжил со движење, во време на забрана за движење на сите граѓани од 22.00 до 05.00часот.