По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, на 22.10.2018 година М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон. Мобилниот телефон е одземен за понатамошно вештачење.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Надлежните ги повикуваат сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].