СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Тетово и СВР Битола поднесоа кривични пријави против А.Ј.(36), И.А.(40) од с.Тимјаник, неготинско, Д.В.(41) од Кавадарци, М.М.(47), Д.Н.(34) од Крива Паланка, Б.С.(30) од Радовиш, М.Н.(49), Д.Р.(30) од Делчево, А.Б.(31) од с.Порој, тетовско и Ѓ.М.(23) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавените, во периодот од 30.03. до 21.04. 2021 се движеле без дозвола за движење за време на ограничувањата дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија.