Кривична пријава против полициски службеници поради сомнение за малтретирање при вршење на служба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавените, во својство на полициски службеници, на 6 март годинава на улица „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х.

-Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, најави МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e