На вечерашната свечена академија по повод 8 Октомври, Денот на ослободување на Општина Крива Паланка, беа врачени највисоките општински награди и признанија за 2022 година, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Наградата” 8 Октомври” како највисоко општинско признание за особени постигнувања од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и светот е доделена на Г-дин Ненад Коцевски, за особени заслуги во афирмацијата на Крива Паланка, поддршка на спортот,културата, здруженија и поединци од неговиот роден град. Истакнат хуманист и добротвор, пример за кривопаланечката дијаспора, посочи Митовски.
Додека пак “Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ беше доделено на Д-р Венко Филипче, неврохирург, за посебни заслуги за поддршка на здравството и здравствените работници од Крива Паланка, за успешна работа на здравствениот дом од градот, за негово унапредување, особено во услови на Ковид-19 пандемијата,но и за неговата несебичност и пожртвуваност во секојдневната работа и секогаш отворена поддршка за кривопаланчани.
Плакети за афирмација и развој на Општина Крива Паланка беа доделени и на поединци и организации, институции од градот и државата, истакна Митовски.