Крива Паланка: Во последното деноноќие починаа 4 лица од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2805 корона-тестирања, при што се регистрирани 982 нови случаи на Ковид-19. Во исто време, Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти, а починаа 19 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид-19 од Скопје се 456, од Прилеп 69, Битола 45, Кавадарци 43, Охрид 42, Струга 38, Тетово 36, Гостивар 34, Струмица 28, Велес 26, Куманово 24, Штип 23, Кичево 16, Делчево и Кочани по 15, Гевгелија 14, Неготино 9, од Валандово, Радовиш и Ресен по 7, Виница 6, Пехчево и Свети Николе по 4, од Пробиштип и Македонски Брод по 3, од Дебар, Крива Паланка и Крушево по 2 и по еден од Демир Хисар и Кратово.

Од регистрираните 556 оздравени пациенти од Скопје се 176, Гостивар-63, Тетово-48, Прилеп-32, Штип-31, Битола-30, Велес-26, Куманово-23, Кавадарци-21, Кичево-14, Гевгелија-12, Неготино и Свети Николе по 11, Кочани и Струмица по 9, Крива Паланка-8, Пробиштип и Ресен по 7, Берово и Радовиш по 5, Виница и Кратово по 2 и Струга, Македонски Брод, Пехчево и Валандово по 1.

Од починати се 19 лица, по четири пациенти се од Скопје (82, 53, 74 и 84г) и Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), по двајца од Охрид (76 и 80г) и од Гостивар (75 и 56г) и по еден од Куманово (87г), Струга (78г), Велес (53г), Битола (86г), Кавадарци (65г), Кратово (65г) и од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Во Крива Паланка досега има вкупно 519 заразени лица од кои активни се 125.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e