Општина Крива Паланка, во соработка со колективниот постапувач со електронски и ектричен отпад фирмата ДУО Елколект ДОО – Скопје, со цел заштита на животната средина и правилно постапување со отпадот, по втор пат ја спроведуваат наградната игра „Ја сакам мојата општина“.
Еко наградната игра започна на 2 мај и ќе трае се до 27 јуни 2019 година.
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 28 јуни 2019 година, во 10 часот во Големата сала при Општина Крива Паланка.
Елколект обезбеди богат награден фонд кој вклучува таблети, фенови за коса, електрични будилници, софистицирани корпи за отпад и уште многу други.
Вие треба само да ги предадете неупотребливите домашни апарати кај ЕКО Магацинот кој се наоѓа кај автобуската станица и да го подигнете потенцијалниот награден купон кај овластеното лице од Општината.
Извлекувањето на добитниците е од отворен тип и секој кој има награден купон може да присуствува на извлекувањето.
Подетални информации на тел : 075 236 557 (Бранко Велиновски)