Општина Крива Паланка ги поканува сите заинтересирани на свечена академија во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Академијата ќе се одржи на 23 мај во НУ Центар за култура, со почеток во 19.00 часот. На академијата ќе биде прогласен и најуспешниот просветен работник на територијата на општина Крива Паланка за учебната 2018/2019 година.
Посетителите ќе можат да ја видат изложбата „По трагите на Св.Кирил и Методиј“ која ќе биде отворена во 18.30 часот од амбасадорот на Словачка во РС Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.