Крива Паланка се приклучи на проектот “Европска недела на спортот”

Денеска во општина Крива Паланка се одбележа проектот Европска недела на спортот.
Имено, Крива Паланка е една од 50-те општини во државата која се приклучува на проектот и го подржува истиот,преку два настани.Денешниот настан бешеповрзан со најмалите,односно првачињата од ОУ “Јоаким Крчовски”.Воедно се со цел да се активираат и најмладите во спортот на денешниот настан првачињата имаа неколку спортски активности,а за најдобрите имаше и мотивирачки награди.Носител на овој проект кој се одржува на територијата на цела Европа е Агенцијата за млади и спорт, насловена со предизвикот BeAktive.
ба2
-Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории,на сите места, во секакви услови, акрајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот,односно придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект,односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија-рече Жарко Батиќ,кросфит инструктор од Кросфит Скопје.
Европската недела на спортот покрај многубројните активности поврзани со спортот, акцентот го стави на главните настани како возење со велосипед,тротинет, или ролерки за учество во штафетна трка,одржана на 23.09 на Кејот во главниот град.Оваа година во однос на проектот се покажа подобра од претходната, но секако не застануваме тука, продолжуваме и натаму-додаде Батиќ.
Покрај денешниот настан во Крива Паланка тимот од BeActive продолжува со активностите и утре каде ќе се одржи рекреативно искачување на Водно од 17-22 часот, додека пак, на 28-09 ќе има над 20 кросфит активности во СЦ “Борис Трајковски”-Скопје.
ба1
На активностите кои се одржаа денес во општина Крива Паланка со 88-те првачиња им беа врачени мајци за учеството,а за оние кои се покажаа највешти во активностите следеа и други награди како капчиња, шишенца за вода.
Воведувањето на овој проект во Република Северна Македонија за сите,а воедно и за нашата општина ќе значи овозможување на квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат BeAkive пораката во нашата земја.
Како што нагласија и од тимот на BeActive главна цел на проектот е да се потикнат најмладите што е можно повеќе да спортуваат,зошто само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави навики за спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e