Балканските рок легенди Riblja Čorba ќе бидат главни гости на традиционалниот рок фестивал „Џој Фест 2018“ кој ќе се одржи на 25 август на градскиот плоштад во Крива Паланка, информираат од локалната самоуправа која е организатор на фестивалот.
Бидете тука на големата рок журка за паметење – стои во отворената покана од надлежните од општина Крива Паланка.
Како предбенд, на фестивалската рок вечер, ќе настапат македонските култни „Студени нозе“
Кривопаланчани традиционално кој крајот и на ова лето ќе имаат прилика да уживаат во настапот на една од најпопуларните југословенски рок групи, а покрај нив свои настапи ќе имаат и други изведувачи.