Најмладите жители на кривопаланечката населба Грамаѓе добија обновено место за спортски активности, игри и рекрација.
Во рамките на заложбите на Општина Крива Паланка за изградба на спортски игралишта, во соработкa со месното население, во м.в. Грамаѓе до магистралниот пат, извршено е бетонирање на потребната подлога за игралиштето и е направена нова табла со кош на задоволство на најмладите жителите од населбата. – соопштуваат од локалната самоуправа на Крива Паланка.