-Врачени првите решенија за легализација на дивоградби во мојот мандат.
Во ноември затекнав 1600 нерешени предмети, по што е направен динамичен план за ефикасно решавање на барањата, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Брзо и навремено изнаоѓање решенија за конкретните проблеми што ги засегаат граѓаните е наш приоритет, стил на работа што го практикуваме, посочи Митовски.