Крива Паланка: Мицевски ги врачи договорите за грантирање на граѓански организации за 2019 година

Договори на дваесет грантисти – граѓански организации, беа доделени од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.  Дваесет  здруженја на граѓани на општината Крива Паланка ги исполнуваа во целост критериумите кои беа предвидени. Имено, минатата година од вкупно 19 здруженја само 16 ги исполнува потполно предвидените критериуми, годинава бројката расте и од вкупно 23 здруженија на граѓани, на дваесет беа врачени договорите од страна на Мицевски. Всушност, дваесетте здруженија ќе бидат корисници на буџетски средства,однсоно ќе добијат финасиска подршка за користење средства од буџетот на општината и ќе ги финансираат предвидените проектни  активности на територијата на општина Крива Паланка за 2019 година.

Корисници на грантови за 2019 година се:

Црвен Крст на РС Македонија-Општинска организација, Крива Паланка, КУЗ “Фолклористи”. Здружение спортско рекреативен и риболовен клуб-ЗСРРК “Мрена”, Здружение на граѓани Кошаркарски клуб, Крива Паланка, Здружение на жени земјоделки,сточарки и домаќинки-“Агропаланчанка”. ВАДО РЈУ Карате клуб “Шампион”, КБК Патриот спорт, Здружение планинарски спортски клуб ПСК “Руен”-Крива Паланка, КУЗ “Распеани паланчани”, Здружение за спасување и помош Служба за спасување” Спасител”, Шаховски клуб Крива Паланка, Здружение центар за младински иницијативи “ЦИК-ЦАК” -Крива Палана, Регионално здржение за развој на планинарење, алтернативен туризам и настани инспирирани од културата РЗР “Патник”-Крива Паланка, Културно-уметничко здружение “Карпош”, Фудбалски клуб “Осогово”, ЗГ Извиднички одред-Наум Наумовски Борче од Крива Паланка, Здружение пинг-понгарски клуб Крива Паланка, Здржение на пчелари “Пчела”- Крива Паланка, Пинг-понгарски клуб- Крива Паланка 2007 и Здружение –Центар за аудио-визуелни уметности.

Временската рамка за спроведување на проектите е крајот на 2019 година, додека пак сите корисници на добиените средства имаат обврска на транспарентен начин, по реализација на проектните активности,да достават наративен и финансиски извештај за оправдувањена искористените финансиски средства,што, пак, ќе биде основен предуслов за повторно аплицирање следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e