Извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка изминатите три дена ја изведе третатта активност од проектот „Младински платформи за оддржлива заштита на прородата“, кој е финансиски поддржан од Општина Крива Паланка, со средства предвидени со Програмата за финансирање на здруженија и граѓански организации за 2018 година.
Активностасе спроведе во облик на тродневни искачувања на кои учествуваа 30 млади лица од општината, а местото за реализација на овој настан е локалитетот Калин Камен.
Основната цел на активностите е мапирање на дивите депонии на локалитетот Калин Камен, подготовка за нивно отстранување и подготовка на промо-видео материјал за подигање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.