Крива Паланка и Град Лесковац од соседна Србија од денес официјално се збратимени.
-На денешната свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка, по повод денот на ослободување на општината, 8 Октомври, заедно со колегата , градоначалник на Лесковац, Д-р Горан Цветановиќ, потпишавме повелба за пријателство и соработка со која се официјализира отпочнатата иницијатива во рамки на проектот од прекуграничната сорботка „Поврзување на бисерите“ од ИПА програмата на ЕУ, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
-Пријателите се тука за се што е потребно, докажаната сотаботка и помеѓу двете држави, Северна Македонија и Србија, ќе се отслика и на ниво на нашите градови, од полето на туризам, преку култура, спорт, гастрономија. Да продолжиме да создаваме трајни вредности и пријателства, порача првиот човек на општина Крива Паланка.