Крива Паланка држи лекција за беспрекорна организација на настани

Крива Паланка овие два дена е преполна посетители и туристи, а музичкиот фестивал “Џој фест” привлече илјадници гости во градот кои синоќа го преполнија градскиот плоштад каде се одржа првата вечер.
Она што е впечатливо и забележливо од сите, за што пристигнуваат позитивни коментари од сите страни, е пристапот до центарот на градот, кој со одличен менаџмент од општинските власти, беше беспрекорен.
Palanka4Ангажираната редарска служба се погрижи во градот речиси и да нема сообраќаен метеж, а на посебно одобрување кај жителите на Крива Паланка наиде беспрекорно чистата глетка на градот, исчистените и испрани улици рано утрово, во пресрет на денешниот голем празник, Успение на Пресвета Богородица.
Palanka5 Palanka7 Palanka2Градоначалникот Сашко Митовски и неговиот тим очигледно сериозно се зафатиле со организирање на сите овие големи фестивали и културни настани што деновиве се одржуваат во Крива Паланка.
Главните впечатоци на сите граѓани се дека има одлична атмосфера и забава и беспрекорно менаџирање: утврдени паркинг зони, редарска служба за бесплатните паркинзи на шест локации во центарот на градот, агенција за обезбедување на настанот и навремено одржување на хигиената, расчистување на јавните површини од страна на екипите на јавното претпријатие “Комуналец”.
Palanka9Palanka1Palanka

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e