Општина Крива Паланка денес, достојно, со церемонија во чест на Денот на независноста, го прослави роденденот на татковината, 8 Септември.
Славиме гордо, славиме со дела, со посветеност во работата во чест на сите наши предци кои низ премрежја и борби ја извојуваа нашата денешна самобитност и суверенитет.За многу години, честит 8 Септември, Ден на независноста!
Нека ни е вечна Рeпублика Северна Македонија!, порача градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.