Крива Паланка добива градоначалник во првиот круг: Сашко Митовски победи со разлика од над 2.000 гласа

Според првичните податоци Државната изборна комисија кандидатот за градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски е убедлив победник во првиот круг од локалните избори со 54,75% од гласовите.
Неговиот противкандидат Александар Рангелов освои 34,90% од вкупни гласови.
За Митовски гласале 6.318 кривопаланчани, додека за Рангелов 4.027.

Во Крива Паланка своето право на глас вчера го искористиле 11.539 избирачи, од вкупно 16.849 запишани во избирачкиот список.
Излезноста во Крива Паланка, според ДИК, е 68,48%, а регистрирани се 439 неважечки ливчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e