Кр.Паланка доби најсовремена конференциска сала, можност за развој на семинарски туризам

Модернизирани, реконстурирани и опремени со современа технологија за 3Д презентација на туристичките потенцијали и знаменитости се двете општински сали во локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Салите денес беа официјално пуштени во употреба, а градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски истакна дека истите не биле реновирани повеќе од три децении.

-Благодарение на проектот кој општината го аплицираше преку Североисточен плански регион двете простории се адаптирани во најмодерен и софистициран стил и истите ќе бидат искористени за промоција на целокупниот туристички потенцијал со кој располага општината, а верувајте има многу ресурси кои с енедоволно промовирани или недоволно искористени, псоочи Мицевски.

Реконстурукцијата на салите е дел од прокетот “Промоција натуристичките атракции во 3Д“ кој со средства од околу 500.000 евра се имплементира во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014-2020.

-Средствата кои му припаѓаат на СИПР се околу половина од вкупната вредност на проектот, што значи околу 250.000 евра, од кои за обнова и опремување на општинските сали во Крива Паланка се искористени 157.000 евра, изјави Младен Протиќ, раководител на Североисточнито плански регион на Македонија.
На промоцијата на проектот присуствуваше премиерот ЗоранЗаев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство , Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски, градоначалниците на Ранковце, Куманово, владиката Кумановско-Осоговски, Г-ин. Јосиф, бројни претставници од МПЦ-ОА, од локалните институции и соработници на општината.
На промоцијата беше проектирано и промотивен видео-запис за убавините и природните и туристички потенцијали на Крива Паланка.
Основна цел на прокетот е изработка на „3Д“ промотивни видеа кои што ќе бидат искористени за промоција на туристичките локалитети во секоја од општините, кои што се дел од ќустендилската област или од североисточниот регион.

Исто така, со модерната конференциска сала која ја доби Крива Паланка, се отвара можност за развој на т.н Семинарски туризам

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e