Крива Паланка со богата програма ги празнува “Успение на Пресвета Богородица” и закрилникот на градот “Свети Јоаким Осоговски”

Со доделување на благодарници и плакети за учесниците и несекојдневен настап на белгиската фолклорна група Жил од Самбревил синоќа заврши 15 то јубилејно издание на Меѓународниот фолклорен фестивал Свети Јоаким Оосговски во Крива Паланка. На прес конференција денес градоначалникот Борјанчо Мицевски истакна дека општина Крива Паланка оваа година за своите сограѓани но и за бројните посетители од земјава и странство понудила богата програма за прв пат на овие простори и за сите возрасти.
– Со изложба на четириесетина дела во НУ Центарот за култура во Крива Паланка, беше одбележан триесетгодини јубилеј на академскиот сликар Роберт Цветковски, потоа под мотото „Љубовта секогаш победува“ одржувањето на музичката манифестација „One Love Tour“ каде пред многубројната публика настапија изведувачи од РС Македонија и Бугарија, а настанот е дел од годишната програма на „Кривопаланечко културно лето”. Посебно внимание предизвика синоќешната манифестација посветена на фолклорот на која настапија 15 ансамбли од 6 европски држави,рече првиот човек на општината,Мицевски.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази благодарност до генералните спонзори Минстрои Холдинг, Министерството за култура,Домот на културата,Музеј на град Крива Паланка како и на бројните волонтери и вработени во општината кои учествуваа во успешното организирање на манифестацијата.
4
Во рамки на чествување на празникот на градот Свети Јоаким Осоговски, вечерва со почеток во 17:00 ч во храмот Свети Димитрија ќе се одржи Празнична вечерна богослужба ,а утре со почеток во 07:00 ч. Утрена богослужба, во 08:15 ч. – Света архиерејска литуρгија и во 18:00 ч. Празнична вечерна богослужба. Во четврток на 29 август од 07:30 ч. ќе започне Утрена богослужба, од 09:00 ч. Света архиерејска литургија и кревање на славските колачи и водосвет .
Во рамки на програмата Кривопаланечко културно лето , најави уметничкиот директор на Џојфест, Александар Михајловски, на 29 август со почеток во 20 часот концерт на Градскиот плоштад ќе одржи и една од најголемите балкански музички ѕвезди, Петар Грашо а како предгрупа ќе настапат Камелеон од Охрид.
-На 31 август Џојфест ќе бдие севкупна културна детоксикација за сите, од 18 ч, Влатко Стефановски во големата сала на општина Крива Паланка ќе одржи мастер клас по гитара за 40 до 50 млади луѓе вљубеници на оваа музика, рече Михајловски.
Програмата на Џојфест започнува во 20.00 ч. sо настап на Трио Фаст ,Saygon,Fiction,,Тони Зен ,Флека, КИ, The Three Of Us. Носител на Фестивалот ќе биде музичката легенда со неверојатна техника за свирење гитара Влатко Стефановски Трио и за разлика од минатите години сега како главна звезда на вечерта нема да настапи на крај туку, својот настап ќе го започне во 21.30 ч. Поранешниот член и еден од основачите на групата „Леб и сол“со неговиот препознатлив стил на музика, етно, рок, џез и блуз ќе ги забавува присутните на фестивалот Џојфест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e