Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, е прогласен за почесен член на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории.
-Се надевам дека Македонија ќе стане урнек за успешно цивилно општество во кое се помалку ќе има гладни и несреќни граѓани и семејства, рече Костадинов на свечениот настан која што синоќа се одржа во Скопје.