Кошаркарски камп со Ивица Јаковлевски во Крива Паланка

Во организација на Кошаркарски клуб Крива Паланка во спорстката сала „Бранители 2001“ викендов се одржа дводневен кошаркарски камп со „Јаковлевски Про-баскетбол“ од Скопје.

Елитниот индивидуален кошаркарски тренер, Јаковлевски, работеше со две групи дечиња, кошаркарки и кошаркари, од КК “Крива Паланка” подобрувајќи ги нивните спортски перформанси и вештини.

Кошаркарите работеа во групи со унапредување на вежби и елементи кои ги совладаа благодарение на реномираниот индивидуален тренер – преку напредни вежби за подобрување на техничките перформанси неопходни за секој добар играч кој ќе придонесе за екипата во која настапува.

38085258_10213537067604231_779937804363759616_n

Секој новитет е добредојден и благопријатен по дечињата, носи нови знаења и нови искуства, секој тренер има свој стил и начин на работење од кој добрите играчи секогаш имаат што да научат, да прифатат и понатаму, да применат, велат од КК Крива Паланка.

Јаковлевски рече дека секогаш постои можност за напредок кај секој играч, како и секој човек, воопшто, важна е –рече, мотивацијата, како и заложбата во остварување на целите.

-Работењето на подобрување индивидуални перформанси на играчите е моја специјалност, работам со професионалци,сениори, но и со млади играчи, во и надвор од Македонија, најмногу во Русија, Украина. Презадоволен сум од пристапот, организацијата и агилноста на сите инволвирани во овој дводневен камп, станува збор за млади играчи, но меѓу нив, несомнено, веќе се наѕираат бројни таленти. Упорноста, посветеноста и вредната работа сигурно им го гарантираат напредокот, само треба да продолжат да се надградуваат, изјави Јаковлевски.

37979806_10213537063444127_1335964584036532224_n

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ги посети учесниците на тренинг кампот и ја поздрави работата на клубот од градот, чиишто играчи во моментот, двајца, настапуваат во државната младинска кошаркарска репрезентација до 18 години.

-Многу големо е задоволството да се види со колкава посветеност работат тренерите, управата на клубот, и чест ми е што Андреј Јакимовски и Никола Анастасовски во моментот ги оранат боите на Македонија на Евроспкото првенство за млади до 18 години, Б-дивизија во Скопје. Имав прилика и да ги бодрам, да ја погледнам нивната игра и со драго срце велам, со напорна работа и труд сигурен сум дека и во овие дечиња има идни репрезентативци, рече Мицевски.

37969425_10213537067004216_5523438142926880768_n

Соработката на „Јаковлевски Про-баскетбол“ со кошаркарски клуб „Крива Паланка“ ќе продолжи и веќе е планиран тренинг камп на есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e