Концерт на Влатко Стефановски за одбележување на годишнината од Земјотресот во Скопје

Во градскиот парк со концерти на Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг Бенд“, овој петок со почеток од 20 часот ќе биде одбележана 56-годишнината од земјотресот во Скопје.

„26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и неговите жители. И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас“, велат од Град Скопје.

На 26 јули во 5:17 часот Скопје било разурнато од катастрофален земјотрес во кој животот го загубиле над 1000 луѓе, а 200.000 останале без покрив над глава. По земјотресот со помош на 87 земји се расчистуваа урнатините и Скопје повторно почна да се гради според проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e