Комплетно реновиран објектот на Брзата помош во Битола

Комплетно е обновена Итната медицинска помош во Здравствениот дом – Битола – информираше првиот човек на ресор здравство Венко Филипче кој денеска изврши увид во реновираниотобјект во Битола.


Во брзата помош целосно се сменети подовите, инсталацијата, ѕидовите, санитарните јазли, но и просториите каде се прегледуваат пациентите, како и приемното одделение, просторијата за домашна посета. Направена е и специјална соба за едукација на младите лекари.

Министерот Филипче рече дека стапи на сила мерката за задолжителна пракса, која што ќе биде платена, а која ќе има за цел младите лекари да ги подготви пред да почнат со специјализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e