Ресен успешно го реализира моделот за интегрирана здравствена и социјална заштита

„Да имаш некој кој доаѓа да провери дали сѐ уште сум жива – тоа е најважното и ме тера да не се откажам. Тимот што доаѓа да ме провери ми дава сила да станам од кревет. Убаво е чувството да знам дека не сум заборавена“, вели 70-годишната Драгица од Љубојно. Таа порано возела трактор и поминувала цели денови работејќи на овоштарниците со јаболка – лете и зиме, дожд и сонце, но несреќата што ја претрпела како резултат на пад пред неколку години ја оставило неподвижна.

Честопати Драгица останувала сама без професионална помош или соодветно лекување – една од многуте постари лица во земјата, а особено оние кои живеат во оддалечени рурални средини, на кои итно им е потребна медицинска помош дома.

Меѓутоа, со воведувањето на мобилна здравствена услуга во Општина Ресен, сега има помош за Драгица. Два тима професионалци, вклучувајќи социјален работник и физиотерапевт, кои работат заедно со медицински сестри и други негуватели, сега им даваат примарна грижа и третман дома на оние кои имаат потреба, вклучително и редовни посети во оддалечените села Стење и Љубојно.

Новите мобилни лекарски услуги обезбедуваат основни медицински прегледи и советувања, како и физикална терапија за рехабилитација на лицата.

Кочани е првата општина која почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита како дел од програмата на UNDP MK, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика и Општина Кочани. Додека пак, Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните.

Убава приказна на УНДП на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e