Ќе се урбанизира населбата „Единство“ во Крива Паланка, обезбедени средства за две улици

Со проект вреден 5.191.882 денари обезбедуваме поголема урбанизација на населба “Единство” преку комплетирање на сообраќајното поврзување, соопшти денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
– Со денешниот договор што го потпишав во Министерството за транспорт и врски за овој проект обезбедуваме 1.135.198, за:
-реконструкција на улица “Гоце Делчев” и
-реконструкција и рехабилитација на крак кон Дреначка маала, појасни Митовски.
Проектот е во рамки на програмата за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите, за кој останатите средства, 4.056.684 преку кофинансирање ќе се обезбедат од буџетот на Општина Крива Паланка.
Должината на кракот кон Дреначка маала изнесува 392 метри, а делот на улицата “Гоце Делчев” е со должина од 80.5 метри.
– Континуирано обезбедуваме подобра мобилност и поголема интеграција на Ромското население во општествените текови и урбана мобилност заедно со целокупното населние во градот, порача Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e