Стариот патен правец кон кривопаланечкиот духовен бисер, манастирот Св „Јоаким Осоговски“ ќе добие нов лик. Имено општина Крива Паланка со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги одобри потребните средства за отпочнување на инфраструктурните зафати.
„Обезбедени над 14.000.000 денари преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за рехабилитација на стариот патен правец од Мотел “Македонија” до Манастир “Св.Јоаким Осоговски”.“ – објави првиот човек на општината Борјанчо Мицевски споделуваќи го документот – решение за одобрените финансии од Агенцијата.