Kинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на гости кај кривопаланечкиот градоначалник Митовски

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска оствари средба со кинескиот амбасадор во РС Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо.
На средбата, градоначалникот Митовски и амбасадорот Џанг Ѕуо, разговараа за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Во рамки на денешната посета, амбасадодорот Џанг Ѕуо и градоначалникот Митовски направија обиколка на новото урбано детско катче со реквизити за игра и забава на најмладите жители на општината, кое беше изградено токму со донацијата обезбедена од страна на Амбасадата на Народна Република Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e