Киднапирана 23-годишна скопјанкa

Во близина на езерото „Младост“ во Велес, Ќ.М. успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес.

Вчера околу 15.40 часот непознато лице киднапирало девојка од Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-На булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населба Ново Лисиче во Скопје, непознато лице се приближило до Ќ.М.(23) од Скопје, која излегла од зградата каде работи и насилно ја внело во патничко возило, по што се упатиле по стариот пат Катланово-Велес. Во близина на езерото „Младост“ во Велес, Ќ.М. успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес-велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e